Zar Kje Dozvolish (Explicit)歌词由Zad Agolot演唱,出自专辑《Zar Kje Dozvolish (Explicit)》,下面是《Zar Kje Dozvolish (Explicit)》完整版歌词!
Zar Kje Dozvolish (Explicit)歌词完整版
А времево пројде како невиност,
но никад себично, со луѓево го барав ја преминот.
Бегав од немирот, а тој голем ко свемирот,
ко да е сенка моја што ме прати ден и ноќ,
но небитно, му дадов време на времето,
најбитно на крај излезе љубов градена од темелот,
што ми е светлина низ мраков, како фенерот,
знам не се лакомам, ништо не носам под мермерот!
Спомените ми се на ѕид, закачени ко слика,
несакам момент да губам више, ниту прилика,
проблемите ги решив, уште пред да преноќам,
не оставам тие да преноќат, сабајле се ко тревога!
Се будам во истиот хаос, но нема време,
ова е дел од мене, дочекано семе!
Отсликаното платно да го скинеш нели грев е?
Својот живот сам си го упишал во тој тефтер!
Најди начин, времето го пополни,
да летне залудно во ветер зар ќе дозволиш?
Не викам немам време, немам време...
Само ми треба време, треба време...
Живот на пола како Гордон Фримен, покрај сите
гајлиња ко река, да не ме земат, јас сум мост на над нив бе!
Па Ване жив е, да видиме до кај ќе стигне,
сонува за борбата за сонот, како Начо Либре!
Рапот во него, Зад Аголот – Шиеншиа секта,
Еден живот, еден метак, прецизност ко црна стрела!
Нема ресет, ни бекап, триеска тежи на плеќа,
лупам гради додека догорувам како свеќа!
Па нормално дека ќе има крај секој почеток,
но ете испадна кај мене тајната од векот,
консистентност е мајка, како иглата на џанак,
капка по капка, буши бетон, копа асфалт!
Времето си тече, секоја секунда ми е побрза,
обврзан да внимавам, конечно да се осврнам,
никад нема време доволно е парадоксот,
дур не го ограничиш ти во мисли! Пак Зад Ќошот!
Најди начин, времето го пополни,
да летне залудно во ветер зар ќе дозволиш?
Не викам немам време, немам време...
Само ми треба време, треба време...
Долго време духот ми е борец, ничија битка,
време кичма витка, триеска ситнам, трчам трка битна!
У длабокото не плива мисла плитка,
сакав да знаат за страглот, но тоа е прича лична, не ја шиткам!
Емоцијата не ја стиска, пенкалото кога на лист мастило вбризга,
Низ врат излагаат триста причи испорачани ко писма,
духот ќе падне штом пишаното ми изгуби смисла!
Значи никад! Критика прецизна ко сликар,
искрено и објективно, како по ракија литар!
Лошо потрешено време нема да се врати никад,
нема да го сјебе часот Пејо, колку и да е Итар!
На брегот пафкам и му мафтам,
на секој чамец полн со проблеми, нека се мафнат!
Сега минутата е клучна, времето работи за мене као кучка!
Сега и тука, часот чукна!
Најди начин, времето го пополни,
да летне залудно во ветер зар ќе дозволиш?
Не викам немам време, немам време...
Само ми треба време, треба време...